Јувентус покажува интерес за Мазрауи

Јувентус е во потрага по засилувања во бековските позиции и се фокусира на фудбалер кој може успешно да игра како лев и десен бек.

Според информации од „Газета дело Спорт“, главна мета на „старата дама“ е Нусаир Мазрауи (25), кој моментално е член на Манчестер Јунајтед.

Мазрауи се придружи на Јунајтед од Баерн во 2024 година за сума од 15.000.000 евра и веќе успеа да привлече внимание во Италија со својата техника и способноста да придонесе во нападот.

Сега останува да се види дали Манчестер Јунајтед ќе биде подготвен да го пусти или Јувентус ќе мора да разгледа алтернативи.

Во моментов, Мазрауи учествува на Африканскиот куп на нации и вечерва ќе го започне полуфиналниот натпревар со Нигерија, во кој Мароко се надева на успех.

Прочитајте и:  Трипуновски од Валандово: Развито земјоделство значи сигурна иднина за нашата држава