Ја изневери Барселона на најлош начин, сега жали: Бев млад

Ја изневери Барселона на најлош начин, сега жали: Бев млад

Илаиш Мориба важеше за еден од најперспективните фудбалери на Барселона, но ненадејната одлука да не го прифати новиот договор и да се пресели во Лајпциг остави многумина изненадени. Денес, тој признава дека дури сега целосно разбира колкава грешка направил со тој потег.

Како дете пристигна во прочуената академија Ла Масија, каде што ги помина сите младински категории на каталонскиот клуб. Неговите талентирани настапи не останаа незабележани, па во 2021 година тогашниот тренер Роналд Куман реши да му даде можност да заигра за првиот тим.

Иако беше многу млад, Мориба веднаш покажа потенцијал и одигра неколку импресивни натпревари, што ги натера челниците на Барселона да му понудат нов договор. Сепак, наместо да ја прифати шансата да се изгради како играч во клубот кој го одгледа, одлучи да бара повисока плата – барање кое управата на клубот не го прифати.

Неговиот агент се обиде да изврши притисок врз Барселона, но клубот не подлегна на уцените. Наместо да му дадат подобрен договор, Каталонците ги прекинаа преговорите и го продадоа уште во летото 2021 година, избегнувајќи ризик тој да замине без обесштетување.

„Во тој момент бев млад и неискусен, а моите одлуки беа под влијание на други луѓе. Сега сфаќам дека направив голема грешка што ја напуштив Барселона“, изјави денес 22-годишниот фудбалер, признавајќи дека сожали за својот избор.