Денеска е завршена обдукцијата на починатите во пожарот што се случи во дискотеката во Кочани, изјави на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Според неговите зборови, во оваа трагична несреќа биле повредени вкупно 196 лица. Од нив, 93 се хоспитализирани на клиниките во Скопје, додека 80 се примени на лекување во болници надвор од земјата.