Во црквата Света Софија во Охрид, првпат во Македонија, се претставени ракописи и старoпечатени книги од Националната библиотека на Македонија. Меѓу забележителните експонати се оргинални ракописи од 13-ти, 14-ти и 16-ти век, како и Тројазичниот речник од Ѓорѓија Пулевски, кој оваа година одбележува 150 години од првото објавување. Делото на Крсте Петков Мисирков „За македонцките работи“ од 1903 година, исто така, е дел од изложбата. На 24 мај, по повод Денот на сесловенските просветители, Свети Кирил и Методиј, во Св. Софија ќе се одржи свечена академија насловена „Светилник низ векови и за иднината“. На настанот ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, ректорката на УКИМ и поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан.