Изградбата на новата детска градинка во населбата Дексион напредува со интензивен ритам, известува Општина Ѓорче Петров.
Овој проект претставува важен инфраструктурен чекор во областа на предучилишната заштита, со цел да се обезбедат современи и безбедни услови за згрижување на децата, нагласува градоначалникот Александар Стојкоски.
„Новата градинка е повеќе од просто зграда; тоа е инвестиција во иднината. Со нејзината изградба, создадовме простор кој ќе се прилагоди на потребите на семејствата од овој дел на општината, придавајќи посебно внимание на безбедноста, енергетската ефикасност и квалитетот на условите за живеење и развој на најмладите“, рече Стојкоски.
Од Општината истакнуваат дека објектот ќе биде изгласан според современите стандарди, со функционални и современо опремени простории, како и уреден дворен простор кој ќе овозможи безбедна игра и престој на отворено.




