Инфлацијата во март опадна на месечно ниво, но се зголеми на годишно ниво

Трошоците за живот во март годинава бележат годишно зголемување од 2,7 проценти, додека цените на мало се зголемени за 2,2 проценти, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Во споредба со февруари, трошоците на живот опаднаа за 1,3 проценти, а цените на мало за 0,9 проценти.

Опаднувањето на инфлацијата во март е резултат на намалувањето на трошоците во секторот на храната и безалкохолните пијалаци за 3 проценти. Исто така, транспортот забележа пад од 1,8 проценти, мебелот и покуќнината за 0,6 проценти, алкохолните пијалоци, тутунот и наркотиците за 0,5 проценти, додека разновидните стоки и услуги опаднаа за 0,3 проценти.

Меѓутоа, во однос на февруари, се забележува зголемување на трошоците во некои категории. Групите како што се домување, вода, електричната енергија, гас и други горива, како и облеката и обувките, се зголемени за 0,4 проценти. Ресторани и хотели исто така растат за 0,3 проценти, додека комуникациите и здравството се зголемени за 0,2 проценти, а рекреацијата и културата за 0,1 процент. Во категоријата образование, трошоците остануваат непроменети во однос на претходниот месец.

Прочитајте и:  Уапсен тетовец, ѝ се заканувал и ја прогонувал поранешната девојка.