Наставник од штипската гимназија „Славчо Стоименски“ ги исцепил хамерите со транспаренти на учениците кои им оддадоа почит на жртвите од трагичната несреќа во Кочани, според реакциите на граѓаните на социјалните мрежи. Наставникот на Фејсбук ги одбива овие обвинувања, но коментарите под неговата објава изразуваат гнев за неговата акција. Во продолжение ви ги пренесуваме коментарите на објавата. Млади луѓе од различни делови на Македонија вчера изразија сочувство за трагично загинатите во Кочани. Во оваа незаборавна трагедија, која се случи со пожар во нелегално работна дискотека во Кочани, загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени.