Хрватска се подготвува за воведување ново кривично дело – екоцид.

Хрватска работи на воведување ново кривично дело – екоцид, кое ќе се применува во најсериозни случаи на уништување и загадување на животната средина. Министерот за правда, Дамир Хабијан, најави дека казната за ова кривично дело би можела да биде од минимум 10 години до доживотен затвор, а истото не би имало рок на застара. Исто така, компании што ќе бидат прогласени за виновни би можеле да се соочат со тешки санкции…