Манчестер Сити претрпе тежок пораз од Реал Мадрид и без поголем отпор беше елиминиран во борбата за осминафиналето.Реал доминираше и обезбеди пласман со вкупен резултат 6:3.
По завршувањето на натпреварот во Мадрид, каде што Килијан Мбапе се истакна со хет-трик, тренерот на Сити накратко го сумираше исходот од двомечот.
„Реал Мадрид беше подобриот тим. Нивниот ритам е далеку над нашиот, во секој аспект од играта. Имаа поголема контрола врз топката, беа супериорни во одбраната и во нападот, како и во интензитетот на движење. Се што направија,го направија подобро. Честитки за нив“, изјави Гвардиола.
Слабите партии на Сити продолжуваат,бидејќи веќе три месеци тимот се соочува со серија лоши резултати,а следниот предизвик ќе биде уште потежок – дуел против Ливерпул за време на викендот.