Граматиката на Кепески – научна потврда за единственоста и зрелоста на македонскиот јазик; Празнуваме 80 години од објавувањето на значајното дело – Вечер …1963

Во просториите на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска беше одбележана важна иницијатива – осумдесетгодишнината од објавувањето на „Македонската граматика“ од Круме Кепески. Оваа прослава е дел од активностите по повод јубилејот на Филолошкиот факултет.

Деканот на факултетот, проф. д-р Владимир Мартиновски, истакна дека првата „Македонска граматика“ на Кепески е основен учебник што многу генерации го користеле за да ги научат темелите на македонската граматика. Овое дело е значајно за македонистиката и филологијата, поврзано со процесот на образование и развојот на македонистиката како научна дисциплина.

Проф. д-р Искра Пановска-Димкова, раководителка на Катедрата за македонски јазик, нагласи дека оваа граматика претставува еден од основните столбови на современиот македонски литературен јазик и значаен историски документ за културната идентичност на нашиот народ. Излегувањето на граматиката во 1946 година не било само научен чин, туку и момент на јазично и културно раѓање.

Таа дополнува дека по ослободувањето, кога се градела државата и образованието, потребата за кодифицирана граматичка норма била итна. Кепески ја препознал оваа важност и со голема одговорност и визија се посветил на создавање на ова значајно дело. Работејќи интензивно во 1945 година, тој ја изработил првата синтеза на македонската граматика, потпирајќи се на истражувањата на дијалектите и своето познавање на прилепскиот говор.

Прочитајте и:  Венс: Нема постигнат договор со Иран, клучен проблем е нуклеарната програма од која не сакаат да се откажат.

Пановска-Димкова истакна дека „Македонската граматика“ се појавила во период кога имало малку материјали на македонски, што ја прави пример за научна упорност и посветеност кон културната заедница. Поради тоа, веднаш била призната од јавноста и од странските слависти, со позитивни оценки кои ја потврдиле посебноста на македонскиот јазик.

Оваа граматика, рече таа, не претставува само книга, туку и научен доказ за фактот дека македонскиот јазик има сопствен систем и културно наследство, создавано низ вековите и заслужува проучување и развиток.

Кепески не ја остави само граматиката, туку и пример за служба кон народот преку знаење и интегритет. Денес, нашата задача е да го продолжиме неговиот дух и да го чуваме иденитетот на јазикот, кој е живо културно наследство што сите заедно треба да го градиме и браниме, додаде Пановска-Димкова.

Проф. д-р Димитар Пандев нагласи дека Кепеската граматика се појавила во ера на описни граматики и претставува почеток на самостојното постоење на македонскиот јазик.

Проф. д-р Јованка Кепеска, пак, изрази дека „Македонската граматика“ на Кепески е историски важна, со значајни национални и културни придобивки и дека создавањето граматика е тенденција која секој народ ја следи.