Ѓорѓиевски: „Љубљанска“ се гради побрзо – мостот над Вардар влегува во завршна фаза

Проектот за поврзување на улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“ напредува со забрзано темпо. Според информациите од градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, моментално се наоѓаме во финалната фаза на изградбата. „Наскоро, овој важен мост над реката Вардар ќе биде пуштен во употреба, што ќе овозможи подобрена и побрза комуникација“, изјави Ѓорѓиевски преку својата објава на социјалните мрежи.

Прочитајте и:  На денешен ден во 2009 година се објави петтиот албум на „Паркети“ – „Мамо, не му кажувај на тато“