Фудбалските надежи му се реваншираа на БиХ со доцен гол

Фудбалските надежи му се реваншираа на БиХ со доцен гол

Младата македонска репрезентација до 17 години забележа тесна победа од 1:0 против соодветната селекција на Босна и Херцеговина во нивниот втор пријателски натпревар, одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Тимот предводен од селекторот Димитар Капинковски прикажа значително подобра игра во споредба со првиот дуел и успеа да се избори за минимален триумф со гол постигнат во самиот финиш на средбата.

Херој на натпреварот беше Димитар Хоџа, кој ја затресе противничката мрежа во 90. минута, обезбедувајќи ѝ на Македонија заслужена победа.

Во првиот контролен натпревар, Босна и Херцеговина излезе како победник со резултат 3:1, но овојпат македонските фудбалски надежи успеаја да возвратат со реванш триумф.

Македонија: Александар Трајков, Мухамед Мустафи, Лорент Жаку, Давид Ангелевски, Димитар Хоџа, Стефан Стаматоски, Флорент Османи, Иван Танчев, Малик Дурак, Стефан Секирски.

Резерви: Антониј Трајковски, Дарко Јовчев, Албан Рочи, Мартин Џангаровски, Матео Кесиќ, Ненад Дамјаноски, Александар Грашески, Стефан Бранковски, Христијан Јевтоски, Дамјан Буцевски, Назиф Цека, Иво Марковски.

Селектор: Димитар Капинковски.