Фудбалерките на ЖФК Скопје 2014 го освоија шампионатот во Првата македонска фудбалска лига, откако денеска забележаа убедлива победа над Топ Гол со 8:0. Со овој триумф, тимот стекна недостижна предност од три кола до крајот на сезоната.
С победата денес, ЖФК Скопје 2014 има 15 бодови повеќе од непосредниот конкурент, ЖФК Тиверија Брера, а со тоа математички ја потврдија својата прва позиција во табелата.
Тимот до титулата стигна со доминантна игра, остварувајќи 22 победи и само еден пораз, со впечатлива гол-разлика од 76:7.
Во останатите натпревари од 23. коло, Тиверија Брера ја совлада Каменица Саса со 3:0, ЖФК Истатов и Љуботен завршија без голови, Вардар триумфираше над Кочани со 4:1, а на дуелот помеѓу Ас Јунајтед и Речица беа постигнати по еден погодок од секоја страна.




