Порталот „Трансфермаркт“ објави список на фудбалерите чија пазарна вредност најмногу опаднала во 2025 година.
Фил Фоден, играчот на Манчестер Сити, ја доживеа најзначителната загуба, со тоа што неговата вредност на почетокот на годината изнесуваше 140 милиони евра, а до декември таа падна за 60 милиони, достигнувајќи 80 милиони евра.
На второ место се наоѓа неговиот соиграч Родри, чија вредност се намали за 55 милиони евра, од почетните 130 милиони до 75 милиони евра.
Третото место му припаѓа на напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус, кој го изгуби својот статус со опадок од 50 милиони евра, од 200 милиони евра на 150 милиони евра.
Меѓу првите шест фудбалери со најголемо намалување на вредноста се и Родриго од Реал Мадрид (-40 милиони евра), Гави од Барселона (-40 милиони евра) и Мартин Едегард од Арсенал (-35 милиони евра).




