„(Фото) Премиерот со порака до Македонците во Албанија: „Вие го заштитивте македонското име во најтешките времиња““

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа, при што истакна дека Македонија има потреба од национално обединување и заедништво околу основните државни интереси. Тој нагласи дека обединетоста треба да се гради околу иднината на децата, почитта кон историјата и достоинството на македонскиот народ.

„Нашите предци не се делеа кога ја бранеа слободата. Не прашуваа кој од каде е, ниту кој на кого припаѓа. Сите стоеја под едно име – Македонија“, посочи премиерот.

Мицкоски додаде дека Македонците во Албанија се „нераскинлив дел од македонското национално ткиво“ и им оддаде почит за нивната улога во чување на македонскиот идентитет низ годините. „Вие го сочувавте македонското име, јазикот, традицијата и духот, дури и во најтешките моменти“, истакна тој.

Прочитајте и:  Папата упати предупредување за духовната криза во светот: „Не создавите сигурност врз основа на оружје“

Во пораката до Македонците во Албанија, премиерот увери дека Македонија никогаш нема да ги заборави. „Матицата ќе ве памти. Македонија стои со својот народ каде и да се наоѓа, со почит, грижа и искрена поддршка“, заврши Мицкоски.