Филип Стефановски ќе биде погребан утре во Штип

Директорот на Центарот за култура во Штип, Филип Стевановски, кој трагично почина во пожар во дискотеката во Кочани, ќе биде погребан утре во Штип.

Почитувани роднини, пријатели, колеги и сите кои го познававте Филип Стевановски. Со големa тага и жал нѐ известуваме дека неговите посмртни останки ќе бидат изложени на 20.03.2025 година (четврток) од 09 до 11 часот во црквата Света Богородица во Ново Село. Погребот ќе се одржи во 11:30 часот на градските гробишта во Штип, објавија членовите на неговото семејство.

Нашиот сакан, нашата инспирација и богатство, замина со дел од нас. Вечната љубов кон тебе, Филе, остави длабока празнина во нашите срца, неизмерна тага и болка поради твојата загуба. Но, таму каде што си сега, во небесното царство: насмеј ги ангелите, свири и компонирај. Душа наша, наш единствена љубов, нѐ напушти прерано. Секогаш ширеше позитивност, беше талентиран и посветен на својата работа, и безрезервно помагаше на сите, дури и на оние кои не ги познаваше. Беше насмеан, харизматичен и полн со живот за музика, дружба и активности што те исполнуваа. Остави бројни дела зад себе, а можеше да направиш уште многу повеќе. Ќе бидеш вечна инспирација за нас и за сите кои го следат твојот пат. Господи, прими го чедото Филип во Твоето царство небесно, приеми го нашиот Филе, се вели во соопштението на семејството.