„Европската комисија одобри 65,7 милиони евра за нашата држава – највисока поддршка во регионот“, истакнува Муцунски.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, соопшти дека Европската комисија одобрила 65,7 милиони евра за Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст. Како што информираше Муцунски, овој износ е највисок во регионот, во споредба со 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора. Тој подвлече дека ова е доказ за ангажираноста на Владата во процесот на реформи, исполнувањето на обврските од Планот за раст и спроведувањето на европските стандарди.

Според податоците од Европската комисија, средствата се одобрени по позитивната оценка на реализираните реформи, посебно во областа на образованието и дигитализацијата. Од вкупниот износ, 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени директно во државниот буџет, а преостанатите средства ќе бидат уплатени за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Прочитајте и:  25 години без Јован Котески - поетот кој ја трансформираше болката во вечна поезија