Безбедно отстранета стара артилериска граната кај Дојранското Езеро
Пиротехничарот Зоран Пејев од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно ја отстрани неексплодираната артилериска граната пронајдена на брегот на Дојранското Езеро. Станува збор за проектил со калибар од 100 милиметри и тежина од 13,6 килограми.
Од ДЗС соопштуваат дека гранатата потекнува од Првата светска војна и била наменета за хаубица тип М14. Според искуството на службите, ваков вид неексплодирани убојни средства најчесто се пронаоѓаат во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион.




