Попладне локална нестабилност со дожд и грмежи; викендот сончев и топол
Во попладневните часови се очекува изолирана нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Слични услови се очекуваат и утре: по топло и сончево претпладне, попладне е можно влошување на времето со изолирани врнежи, грмежи и засилен ветер. Локално нестабилноста може да биде поизразена, со можност за појава на град.
За време на викендот и на почетокот на следната недела времето ќе биде претежно сончево и топло, наведуваат од УХМР.




