Метеж со пловилата во Охрид, полицијата спроведува голема акција

Акциска контрола на Охридско Езеро: 52 прекршоци, девет управувачи под дејство на алкохол

Во координирана акција спроведена вчера, 5 јули 2026 година, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, заедно со колегите од Регионалниот центар за гранични работи Запад и инспектори од Капетанијата на пристаништа – Охрид, извршија засилени контроли на пловните објекти во водите на Охридското Езеро.

Според информациите од МВР, биле проверени вкупно 63 пловни објекти. Притоа, кај 31 пловило и 31 лице се утврдени вкупно 52 прекршоци. Најчести забелешки се: немање задолжителна опрема, управување со необележан или нерегистриран пловен објект, пловидба за време на забрана, управување без одобрение за пловидба, превезување повеќе патници од дозволеното и неносење соодветна пловидбена дозвола. По извршен алкотест, кај девет управувачи било утврдено присуство на алкохол.

Прочитајте и:  Легендарниот напаѓач ја презеде селекторската позиција во репрезентацијата на Уругвај

Дополнително, кај пет лица што изнајмувале педалинки е констатирана нецелосна примена на безбедносните правила при нивното давање под наем.

Од МВР нагласуваат дека ваквите акциски контроли ќе продолжат редовно во текот на летната сезона, со цел доследно почитување на Законот за внатрешна пловидба и подигнување на безбедноста на водите.