Жешко и сончево, со можни попладневни нестабилности
Денеска нè очекува претежно сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Попладне, особено во планинските предели, ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), максималните дневни температури ќе се искачат до околу 41 степен во Гевгелија и Демир Капија, а само за еден степен пониски се очекуваат во Скопје и Велес.
Во Скопје времето ќе биде сончево и исклучително топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Од недела следува постепено опаѓање на температурите. Попладневните часови ќе донесат локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Понекаде се можни поинтензивни непогоди со силен ветер и појава на град.




