Едерсон од Аталанта преминува во Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед официјално ја заврши својата прва трансфер акција во летниот преоден рок. Ново име во редовите на „црвените ѓаволи“ е 26-годишниот Едерсон, кој доаѓа од Аталанта. Овој бразилски играч, кој игра во средината на теренот, пристигнува на „Олд Трафорд“ за сума од 45 милиони евра (38 милиони фунти) и ќе потпише четиригодишен договор со клубот.

Dоговорот е конструиран така што Јунајтед првично ќе исплати 34 милиони фунти, а остатокот ќе биде реализиран преку различни бонуси, пишува „Дејли Мејл“.

Трансферот на Едерсон е првиот потег на тренерот Мајкл Карик во процесот на реорганизација на средниот ред. Бразилецот дојде во Аталанта пред четири години од Салернитана за 23 милиони евра и оттогаш постигна 16 гола на 180 натпревари. Има три настапи за бразилската репрезентација.

Прочитајте и:  Јакимовски: Лукровски не се појавува на работа – побара реакција од институциите

Ръководството на Јунајтед се обиде да го реализира трансферот што е можно побргу, поради што упатиле делегација во Италија не само за преговарање за Едерсон, туку и за други потенцијални засилувања.

Минатиот месец стана јасно дека заминувањето на Едерсон од Аталанта е само прашање на време, откако тој не беше дел од почетниот состав за последниот натпревар од сезоната против Фиорентина.

Тренерот во тоа време, Рафаеле Паладино, потврди дека одлуката е поврзана со неговиот трансфер.

Фото/ Depositphotos