MG Fashion е компанија со многу години искуство, активна во сферата на недвижностите, фокусирана на инвестирање и изградба на комерцијални, станбени и деловни објекти. Во своето работење, компанијата посветува особено внимание на зачувувањето и унапредувањето на животната средина, создавајќи квалитетни, функционални и современи простори кои нудат комфор и пријатност за своите корисници.
Syndicate Studio, архитектонско студио од Скопје, кое се гордее со бројни домаќински и меѓународни награди, повторно го потврдува својот лидерски статус во областа на современото архитектонско проектирање. Овој објект е првиот во Северна Македонија кој го доби престижниот Златен LEED сертификат и едно од првите сертифицирани згради од ваков ранг на Балканот.
Овој успех е доказ дека спојот на визија, знаење, професионалност и посветеност носи проекти кои поставуваат нови стандарди во одржливото и современо градење. Меѓународно признатиот Златен LEED сертификат е потврда за највисоките нивоа на енергетска ефикасност, одржливост и квалитет на изведба.

Овој успех дополнително ги зајакнува позициите на Syndicate Studio и MG Fashion како лидери во своите области: во проектирањето и реализацијата на иновативни и одржливи објекти кои создаваат долгорочна вредност за заедницата.
Особена благодарност им упатуваме на тимот на проектот Metric Design, консултантите Focal од Грција, тимот на Стопанска банка Скопје, како и на сите изведувачи и соработници кои со својата стручност и професионализам го остваруваат овој важен проект.

Заеднички покажавме дека и во Северна Македонија можат да се создаваат објекти кои ги исполнуваат највисоките светски стандарди!
Комерцијален текст




