ДУИ во Чаир ветува стоп за урбанистичкиот хаос

ДУИ во Чаир ветува стоп за урбанистичкиот хаос

Младинската организација на ДУИ во Чаир изрази загриженост, предупредувајќи на урбанистички хаос кој, според нив, ја зафаќа општината во последните години.

Оваа општина забрзано се претвора во бетонска џунгла, каде што на секој агол никнуваат градби без никаква контрола, без усогласен урбанистички план и без јасни стандарди, а локалните власти не преземаат одговорност.

„Ова е директен напад врз општината и граѓаните, кои секојдневно се соочуваат со уништени улици, хаотичен сообраќај и сè помалку јавни простори. Чаир пропаѓа под тежината на неконтролираната урбанизација, додека општинските власти профитираат. Инфраструктурата се распаѓа, а жителите се оставени без простор за нормален живот. Никој не знае кој дава дозволи,кој изведува работи и кој всушност најмногу профитира од овој хаос. Но, едно е јасно: граѓаните се жртви, а власта и нејзините блиски кругови се добитници“, истакнуваат од младинското крило на ДУИ.

Тие поставија прашање за одговорноста во процесот на издавање градежни дозволи,кои,како што велат,довеле до претворање на Чаир во неконтролирана зона на бетонски конструкции. Бараат транспарентност за секоја издадена дозвола за градба во последните години,како и итно стопирање на сите нерегуларни градежни активности.

Во меѓувреме, граѓанските здруженија сè погласно протестираат против урбанистичките злоупотреби, а надлежните институции се под зголемен притисок да ги истражат евентуалните незаконитости во урбанистичкото планирање на општината.