По откритие на информацијата дека во Централниот регистар се реализирани 40 унапредувања без учество на ниту еден Албанец, ситуацијата не може повеќе да се третира како административен пропуст. Ова е сериозен инцидент кој бара итна одговорност, истакнува Имране Велиу од ДУИ.
„Кога во една јавна институција се исклучува цела заедница, тоа укажува на еднострано донесување на одлуки и директно нарушување на принципот на правична застапеност. Затоа, ние бараме:
– Итна оставка од директорката на Централниот регистар како минимален акт на одговорност.
– Политичка одговорност од Премиерот, затоа што ваквиот однос создава впечаток на повторлива пракса, што ја поткопува довербата во институциите.
– Директна одговорност од представниците на ВЛЕН во Владата, кои не успеаја да ја заштитат правичната застапеност и на најјасен начин покажаа како не треба да се претставуваат граѓаните. Бараме нивна итна оставка.
Оваа постапка создава реални последици врз општествената кохезија и функционирањето на мултиетничка држава. Ние ја повикуваме меѓународната заедница внимателно да ги следи овие настани и да реагира превентивно. Посебно, ја повикуваме Мисијата на ОБСЕ во Скопје да ги активира механизмите за рана реакција и предупредување со цел да се адресираат ситуации кои го нарушуваат принципот на еднаква застапеност и правата на заедниците. Јавните институции треба да ја одразуваат структурата на општеството на кое му служат“, додава Велиу.




