Роѓенден на Страхил Петровски
Страхил Петровски е роден на 18 јануари 1974 година во Куманово, Република Македонија. Тој е важен представник на средната генерација на визуелни и мултимедијални уметници. Петровски дипломирал сликарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1997 година, под менторство на ред. проф. Родољуб Анастасов, а во 2000 година ги завршил постдипломските студии на истиот факултет.
Работел како надворешен соработник во областите на сликарска технологија и техники на Факултетот за ликовни уметности од 2000 до 2002 година. Во периодот од 2002 до 2010 година, ангажиран е како конзерватор во НУ Национален конзерваторски центар во Скопје, каде што активно учествувал во конзервација и реставрација на икони, како и во реализацијата на научноистражувачкиот проект „Брестал“, под водство на проф. Момчило Петровски.
Неговата уметничка практика вклучува различни форми на изразување, како што се сликарство, инсталација, концептуална уметност, фотографија и видеоуметност. Во последните години, Петровски се фокусира на теми поврзани со егзистенцијализмот и социополитички прашања, притоа комбинирајќи длабоко естетски решенија со формалистички интерес. Негови дела можат да се најдат во бројни јавни и приватни колекции, вклучувајќи музеји и галерии во Македонија и во странство.
Член е на ДЛУМ од 1997 година, а од 2025 година членува и во ДЛУБ. Има бил член и на ИКОМОС, како и на ИКМ. По 2023 година, продолжува да работи како советник-конзерватор во Националниот конзерваторски центар во Скопје и како доцент по фотографија и мултимедија на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје. Од 2024 година, е назначен за советник-конзерватор во НУ Музеј на македонската борба за самостојност и истата година добива статус на вонреден професор.
Самостојни Изложби
- 2025 САД, Њујорк – “Реминисценции”, Македонски културен центар
- 2025 Париз, Франција – “Реминисценции” во Abstract Project Gallery
- 2025 Битола – “Зошто не сега..?”
- 2024 Куманово – “Бела Ноќ” (видео инсталација)
- 2024 Будва, Р. Црна Гора – “Нови Светови”
- 2023 Скопје – “Фрагментирани реалности”
- 2023 Куманово – “Мементо мори”
- 2022 Париз – “Синергија во времето” (видео инсталација)
Страхил Петровски учествувал на повеќе од 100 групни изложби и симпозиуми во Македонија и во странство. Неговата уметничка дејност била призната со бројни награди, вклучувајќи пофалници и признанија од межународни жириа.
Среќен роденден Страхил! Нека ти донесе многу здравје, креативна енергија и нови уметнички достигнувања кои ќе продолжат да нè инспирираат и поттикнуваат.




