Цимет колачиња: Вкусни, лесни, идеални со чај или кафе

Цимет колачиња: Вкусни, лесни, идеални со чај или кафе

Ви треба:

250 гр брашно + 1 лажичка прашок за пециво
120 гр шеќер во прав
1 кесичка цимет
100 гр маргарин
1 јајце

За декорација:

половина чаша шеќер во прав
1,5-2 лажици млеко
цимет

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 степени. Измешајте ги брашното, прашокот за пециво, шеќерот во прав и циметот, па додадете го путерот исечкан на парчиња. Потоа додадете го јајцето и замесете тесто. Расукајте го на набрашнета работна површина до дебелина од 1 cm, па со калап извадете ја саканата форма. Печете 8 до 10 минути во рерна загреана на 160 степени. Измешајте ги шеќерот во прав и млекото и нанесете на секој бисквит. На крај, колачињата посипете ги со цимет.

Совет: Оваа година, циметот повторно се враќа како еден од најкористените зачини во есенските и зимските рецепти. Ако сакате поинтензивен вкус, можете да додадете малку ванила или рендана кора од портокал за дополнителна арома.