Бурито со Мелено Месо: Лесен и Вкусен Рецепт

Бурито, тако или полнети тортиљи – без разлика на имињата, ова е исклучително вкусно јадење кое го приготвив брзо и сакам да го споделам со сите вас. Тортиљите ги обoжавам и ги создававам на многу начини: со пилешко месо, мелено месо, како енчилада… секогаш се вкусни!

Состојки за филот:
– 400 до 500 грама мелено месо од Агриа
– 1 мала лажичка мешан зачин
– 1 мала лажичка кромид во прав
– ¼ лажичка мелен црн пипер
– Сол по вкус

За буритото:
– 4 до 8 тортиљи
– 8 лажици кисела павлака со 20% мм
– Зачин за таратур (лук во прав, копар, сол)
– 8 листови чедар кашкавал
– 1 зелена салата
– 2 лажици путер

Подготовка:
На тавче ставете го месото без масло и оставете го да се готви во својата течност. Зачинете го со мешан зачин, кромид во прав, сол и мелен црн пипер и пржете додека не добие златно-кафеава боја.

На секоја тортиља нанесете кисела павлака, поросете со зачин за таратур и нанесете месо. Кашкавалот пресечете го на две ленти и ставете врз месото. Додадете 2-3 листови зелена марула. Формирајте бурито, премачкајте го со путер по желба и потпечете го во тостер за кратко.

Дополнителни совети:
Можете да додадете зеленчуци по желба, како зелка, пиперки, краставици или кромид. Секогаш обрнувам внимание на квалитетот на состојките и се трудам да користам најквалитетни. Кога купувам свежо месо, мојата омилена месарница е Агриа во Битола. Имаат продавници и во Велес и Штип, а нивното месо се наоѓа и во Тинекс и Рамстор. Освен свежо месо, Агриа нуди и производи како чадено месо и колбаси.

Ако ви се допадна овој рецепт, посетете ги моите профили за повеќе инспирација за вкусни јадења и десерти.