Милош Керкез, унгарски фудбалер со српско потекло, потпиша договор за трансфер во Ливерпул, а Борнмут ќе добие 40 милиони фунти од зделката.
Во наредните неколку дена, Керкез ќе ги помине лекарските прегледи пред да стави потпис на договорот со „црвените“. Тој станува третото ново засилување за Ливерпул, откако клубот веќе ги ангажираше Џереми Фримпонг и Флоријан Вирц.
Во изминатата сезона, Керкез настапи на 38 натпревари за Борнмут, постигна два гола и забележа пет асистенции.