Белград оддава почит на загинатите во Кочани …

Популарната Кула Белград во главниот град на Србија, синоќа беше обоена во боите на Македонија, како поддршка, солидарност и оддавање почит за трагичната смрт на 59 лица во пожарот во Кочани.

На Кула Београд беше прикажано видео за поддршка, како знак на солидарност во врска со трагедијата во Македонија, каде што 59 лица загинаа во пожар во дискотека во Кочани.

На кулата е истакнато знамето на Македонија со црна лента со натпис „Србија е веднаш до Македонија“.