Белата куќа ги отфрла сомневањата за ирански напади со дронови на западниот брег на САД.

Белата куќа ги отфрли тврдењата за иранска закана

Белата куќа категорично ги отфрли обвиненијата дека Иран планира напади со дронови врз западниот брег на Соединетите Американски Држави. Портпаролката Каролин Левит побара од телевизијата ABC News да ја повлече својата вест која споменува таква можност. Реакцијата дојде по објавата на ABC News, која информираше дека ФБИ ги предупредил полициските управи во Калифорнија за потенцијална иранска одмазда по американско-израелските напади врз Иран.

Според извештаите, наводно Иран можел да се обиде да изведе напади со дронови во САД. Левит остро ги демантираше овие наводи, нагласувајќи дека никаков таков ризик не постои. „Оваа објава и целата приказна треба веднаш да бидат повлечени, бидејќи ABC News шири лажни информации со цел да ја вознемири американската јавност“, изјави таа.

Прочитајте и:  Цените на нафтата се спуштија под 96 американски долари

Таа истакна дека новинарите се потпираат на единствена електронска порака испратена до локалните полициски сили во Калифорнија, која се однесува на непотврдена информација. „Во пораката е јасно нагласено дека станува збор за непотврдени разузнавачки податоци, но ABC News го игнорираше овој клучен детал“, додаде Левит. На крајот, таа нагласи дека нема никаква закана за американската територија, потврдувајќи: „Да биде сосема јасно: никаква закана од Иран кон нашата територија не постои и никогаш не постоела.“