Министерството за дигитална трансформација денес потпиша Меморандум за соработка со Visa, што ќе претставува значаен потег во насока на создавање на поефикасна, поедноставна и покориснички ориентирана јавна администрација во дигиталното опкружување. Меморандумот беше потпишан од министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и Ана Драшковиќ, потпретседателка и генерална директорка на Visa за Југоисточна Европа. На својот профил на социјалните мрежи, министерот сподели повеќе детали за овој важен проект…




